Skip to main content

TEMA II: ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО


ДЕМОКРАТИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ




Демократијата претставува облик на управување каде штодржавната власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од старогрчките зборови demos – што значи народ – и кratos – што значи власт.

Кога во едно општество, граѓаните имаат право да донесуваат одлуки кои се во интерес на нивното заедничко живеење, велиме дека во тоа општество постои демократија.

Облици на демократијата

Денес, демократиите, во голема мерка, се разликуваат според нивната градба и структура. Традиционалната разлика, којашто се прави во однос на либералните демократии, е онаа меѓу моделите на непосредна и претставничка демократијаНепосредната демократија е облик на управување, каде што правото на донесување политички одлуки го користи директно севкупното граѓанско тело, дејствувајќи согласно постапката за владеење на мнозинството.  
За прв пат ваквиот тип на демократија се сретнува во Атина во V век пред нашата ера, на тој начин што одлуките во државата ги спроведувало Народно Собрание кое го сочинувале сите возрасни мажи (жените, робовите и странците биле исклучени).
Овој облик на демократија е изводлив само во мали ентитети (општествени уредувања, држави). Токму затоа, ниту еден современ демократски систем не е чисто непосредна демократија, и покрај тоа што речиси сите од нив имаат елементи на непосредна демократија. Институциите на непосредна демократија се јавни собири, народните законодавни иницијативи, отповикувања, референдуми, итн.
Вториот основен облик е претставничката демократија. Ова е облик на управување во коешто граѓаните го користат истото право, но не лично туку преку претставници избрани од нив и со одговорност кон нив. Два суштински елементи на претставничката демократија претставуваат одвојувањето меѓу оние коишто владеат и оние со коишто се владее, и повремените избори како средство за контрола врз владеачите од страна на оние со коишто се владее.  Претставничката демократија е поврзана со два основни системи на управување: парламентарната и претседателската демократија.
 Парламентарна демократија: Во овој облик на управување, парламентот има централна улога; со извршната власт раководи премиер или водач на кабинет, којашто зависи од довербата на парламентот; шефот на државата обично има мала или воопшто нема извршна власт, туку само претставничка функција.
• Претседателска демократија: Со извршната власт управува шефот на државата, кого непосредно го избира народот и не зависи од довербата на парламентот.
Повеќето постоечки демократии се комбинации од овие идеални видови и содржат елементи од сите облици. Денес, највообичаениот облик на демократија, меѓу бројните мешани модели, е парламентарната демократија со зајакната улога на шефот на државата.

Основни елементи на современата демократија

Тешко е да се измери колку е демократско некое општество. Меѓутоа, постојат голем број клучни елементи коишто ја сочинуваат основата на секое демократско општество.
• Еднаквост: Принципот на еднаквост значи дека сите човечки суштества се родени еднакви, треба да уживаат еднакви можности и да учествуваат во политичкиот живот на заедницата, како и да имаат право на еднаков третман пред законот. Исто така, ова ја вклучува и општествената и економската еднаквост меѓу жените и мажите.
• Учество: Демократијата е бесмислена без учество. Учеството во заедничките и политичките работи е предуслов за изградба на демократски систем. Демократијата бара учество, коешто како такво сепак претставува поширок концепт и не само што има силни политички импликации,  туку и општествени и економски. Меѓутоа,  само учеството не може да биде гаранција за демократија.
• Мнозинско владеење и малцински права: И покрај тоа што демократијата е по дефиниција владеење на народот, таа е,  всушност, владеење на мнозинството. Тоа исто така значи обврска на мнозинството да ги земе предвид правата и различните потреби на малцинските групи. Степенот до којшто е исполнета оваа обврска е показател за натамошното јакнење на демократските вредности во едно општество.
• Владеење на правото и правично судење: Демократијата е наменета за да спречи едно лице или една мала група луѓе да владее со народот на самоволен начин.  Владеењето направото осигурува дека една држава има автономен правен поредок со којшто се осигурува еднаквост пред законот, ограничување на овластувањата на јавните власти и овозможување праведен пристап до независно и правично судство.
• Заложба за човекови права: Прифаќајќи дека „сите човечки суштества се родени еднакви и слободни во достоинството и правата“ е основа за една функционална демократска заедница. Една демократска држава има обврска да осигури почитување,  заштита и исполнување на сите човекови права, со цел да се обезбеди дека нејзините граѓани ќе можат да живеат „ослободени од страв и ослободени од немаштија“. Што се однесува до демократијата, треба да се посвети посебно внимание на оние права коишто се од суштинско значење за граѓанското учество, какви што се слободата на собирање, слободата на говор,
слободата намисла, совест и вероисповест. Сепак, граѓанските и политичките права, сами по себе, неможат да гарантираат мир и човекова безбедност. Поволна средина за демократијата може да се промовира единствено доколку основните економски,  општествени и културни потреби исто така се земат предвид.
• Политички плурализам: Традиционално, политичките партии имаат задача да ја консолидираат разновидноста на идеите и мислењата ида гипретстават во јавната дебата. Единствено политичкиот плурализам може да обезбеди доволно флексибилни структури за прилагодување на потребите коишто постојано семенуваат, но коишто сепак остануваат стабилна основа за демократско управување. Сепак, политичката слобода исто така може да се злоупотреби за ширење идеи коишто поттикнуваат омраза, предизвикуваат насилство и на тој начин претставуваат закана за демократското општество и поредок. Предизвикот се состои во демократско  справување со тие тенденции, без нарушување на слободата на изразување, но исто така и со заштита на интересите на општеството во целина.  До определен степен, и демократиите исто така имаат потреба да се заштитуваат самите.
• Слободни и фер избори: Изборите претставуваат најосновна и единствена карактеристика на демократијата. Ниту еден друг режим не ја препушта одлуката за политичкото водство на оние коишто се првенствено засегнати од владејачкиот систем – народот. На секои избори, тие можат да ја искажат својата желба за промена,  како и нивната согласност со актуелните политики и да учествуваат во постојаниот процес на оценување. Па сепак, историјата покажува дека не е очигледно само по себе кој има можност да учествува, а кој не. Жените, на пример, многу долго време беа исклучени од тој процес. Во Апенцел-Инероден, дел од Швајцарија,  земја којашто е добро позната по своите високо развиени демократски структури, жените добија право на глас дури во почетокот на 1990-те години. Од суштинско значење е да се осигури дека правото на глас е универзално, слободно, еднакво,  тајно и непосредно.
• Поделба на власта: Поделбата на власта, воведена како концепт од страна на Џон Лок („Два трактата за власта“, 1690 година – “Two Treaties on Government”) и натаму усовршен од Шарл де Монтескје („Духот на законите“, 1748 година – “De l’esprit  des lois”), во нивната борба против апсолутистичката држава, е основно начело на современите демократии. Според ова начело, државната власт е поделена меѓу законодавни, извршни и судски органи коишто функционираат независно, но коишто имаат одговорност едни кон други и кон народот. Овој систем на проверка и рамнотежа обезбедува соодветни контролни механизми и како таков ја спречува злоупотребата на државната власт.

Извадок од Прирачник за едукација од областа на човековите права/etc-graz.at

Comments

Popular posts from this blog

Идентитет

Што е идентитет? Кој сум јас? Идентитетот претставува збир на карактеристики кои ги поседува една личност. Идентитетот ни помага да ги раликуваме луѓето едни од други. Видовите на идентитет кои една личност ги поседува зависат од улогите кои таа личност ги има во заедницата во која живее. Н ие како поединци, наследуваме или стекнуваме повеќе идентитети кои потекнуваат од националноста, етничката припадност, религијата, спортот и сл.  Иде нтитетот го градиме во текот на животот, па така, зависно од улогите кои ги имаме во општеството во кое живееме, толкав ќе биде и бројот на видови идентитет кои ги поседуваме. Во потесна смисла, идентитетот е сфатен како збир на карактеристики на еден поединец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на поимот идентитет упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува “повеќе идентитети” (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл).  Идентитетот на личноста има повеќе страни. Често, другите  луѓе  (соседи, прија

ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Државата претставува форма на организирано општество во кое се дефинирани односите помеѓу власта и народот.  Постоењето на власт е неминовно, но уредувањето на односите помеѓу власта и народот е она што ќе ни покаже дали станува збор за демократска или недемократска држава. Доколку согласноста да владеат ја дал народот, тогаш станува збор за демократска држава. Доколку народот не дал согласност за владеење, туку власта е насилно присвоена, тогаш зборуваме за недемократска држава. Недемократски државни уредувања: - Монархија - власта е наследна и оправдана од божјата волја. Монархијата може да биде апсолутистичка и уставна. Апсолутистичка монархија е државно уредување во кое монархот има неограничена власт.  Уставна монархија е државно уредување во кое власта на монархот е ограничена со устав. Кога во уставните монархии ќе се донесе закон, владетелот мора да го почитува тој закон. Устав е највисок правен акт во една држава. Во уставот се содржат сите закони, правата и слободит

Животен стил

Секој поединец го избира својот животен стил и начинот на кој што ќе живее. До осумнаесетата година од животот, животниот стил на децата зависи од родителите. Во овој период од животот, детето е зависно од своите родители и поради тоа тие имаат големо влијание врз неговиот животен стил.  По навршување на полнолетство, поединецот прави избор во зависност од своите лични сфаќања и убедувања за тоа што е добар живот. Животниот стил покажува колку еден поединец може слободно да ги искаже своите желби, вкусови, знаења и вредности во заедницата во која живее.  Каков животен стил ќе избере еден поединец, најмногу зависи од воспитанието и вредностите кои ги  усвоил во заедницата во која живее. Бидејќи луѓето имаат различни желби, вкусови, знаења и вредности, тоа значи дека секогаш ќе постојат разлики во нивните животни стилови и тие разлики треба меѓусебно да се почи туваат.