Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2018

ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Демократијата започнува кога народот ќе избере власт. Уставот определува што таа власт ќе работи. За власта да работи во интерес на граѓаните, Уставот мора да ги содржи и човековите права и слободи. На овој начин поединците се заштитуваат од самоволието на власта. Човековите права не можат да се одвојат од човековите обврски . Еден поединец ќе го оствари своето право, само ако друг ја исполнил својата обврска. Не можеме да очекуваме да ни биде остварено правото на чиста животна средина доколку постојано фрламе отпад на несоодветни места, гориме пластика и ги загадуваме реките. Не можеме да очекуваме почит доколку самите не се однесуваме со почит кон останатите.  Воедно не можеме да ни бидат остварени правата доколку не ги почитуваме законите. Тие постојат за доброто на сите граѓани. Да не потсетуваат што е добро, а што не е. Но, доколку државата донесе закон кој не е соодветен, или не ги заштитува интересите на граѓаните, тогаш тие можат да го остварат своето право на протест.

КОЈ ПРИПАЃА И КОЈ УПРАВУВА ВО ДЕМОКРАТИЈАТА

Во демократските општествени уредувања живеат граѓани . Овие граѓани имаат право да одлучуваат за заедничкото живеење преку избор на своите претставници во власта. Граѓаните се должни да ги почитуваат законите во државата бидејќи тие се донесени во собранието (од страна на избраните претставници), за доброто на сите граѓани. За разлика од граѓаните во демократските општества, во недемократските општествени уредувања живеат поданици кои немаат право да ја бираат власта, а тоа значи дека мораат да се покоруваат на законите кои власта ги донела без нивна согласност. Граѓаните го остваруаат своето право на глас, преку тајни, демократски, фер и непосредни избори. Освен своето гласачко право граѓаните имаат и други начини на кои директно влијаат врз демократските принципи. Па така, тие можат да одлучуваат по пат на референдум. Референдумот претставува посебен вид на гласање, каде на граѓаните им се поставува прашање кое е од голема важност за државата. На ова прашање, граѓаните, согл

ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Државата претставува форма на организирано општество во кое се дефинирани односите помеѓу власта и народот.  Постоењето на власт е неминовно, но уредувањето на односите помеѓу власта и народот е она што ќе ни покаже дали станува збор за демократска или недемократска држава. Доколку согласноста да владеат ја дал народот, тогаш станува збор за демократска држава. Доколку народот не дал согласност за владеење, туку власта е насилно присвоена, тогаш зборуваме за недемократска држава. Недемократски државни уредувања: - Монархија - власта е наследна и оправдана од божјата волја. Монархијата може да биде апсолутистичка и уставна. Апсолутистичка монархија е државно уредување во кое монархот има неограничена власт.  Уставна монархија е државно уредување во кое власта на монархот е ограничена со устав. Кога во уставните монархии ќе се донесе закон, владетелот мора да го почитува тој закон. Устав е највисок правен акт во една држава. Во уставот се содржат сите закони, правата и слободит