Skip to main content

Posts

Showing posts from January, 2018

TEMA II: ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

ДЕМОКРАТИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Демократијата претставува облик на управување каде штодржавната власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од старогрчките зборови demos – што значи народ – и кratos – што значи власт. Кога во едно општество, граѓаните имаат право да донесуваат одлуки кои се во интерес на нивното заедничко живеење, велиме дека во тоа општество постои демократија. Облици на демократијата Денес, демократиите, во голема мерка, се разликуваат според нивната градба и структура. Традиционалната разлика, којашто се прави во однос на либералните демократии, е онаа меѓу моделите на  непосредна и претставничка демократија .  Непосредната демократија  е облик на управување, каде што правото на донесување политички одлуки го користи директно севкупното граѓанско тело, дејствувајќи согласно постапката за владеење на мнозинството.   За прв пат ваквиот тип на демократија се сретнува во Атина во V век пред нашата ера, на тој начин што одл

Од потребите до човековите права

Човековите права претставуваат правила со кои државата го определува начинот на однесување на луѓето во заедницата, со цел тие да ги задоволат своите потреби. Човекот во текот на својот живот има различни потреби (вода, храна, дом, топлина, семејство, сигурност...) Потребите се всушност сите работи без кои човекот не може да живее, односно се' што му е потребно за достоен живот. Напорите на луѓето низ историјата, да ја натераат власта да ги воочи, дефинира, признае и заштити нивните основни потреби, се познати како борба за човекови права .  Кога власта ќе ги признае и заштити човековите потреби, тогаш потребите се претвораат во човекови права.

Животен стил

Секој поединец го избира својот животен стил и начинот на кој што ќе живее. До осумнаесетата година од животот, животниот стил на децата зависи од родителите. Во овој период од животот, детето е зависно од своите родители и поради тоа тие имаат големо влијание врз неговиот животен стил.  По навршување на полнолетство, поединецот прави избор во зависност од своите лични сфаќања и убедувања за тоа што е добар живот. Животниот стил покажува колку еден поединец може слободно да ги искаже своите желби, вкусови, знаења и вредности во заедницата во која живее.  Каков животен стил ќе избере еден поединец, најмногу зависи од воспитанието и вредностите кои ги  усвоил во заедницата во која живее. Бидејќи луѓето имаат различни желби, вкусови, знаења и вредности, тоа значи дека секогаш ќе постојат разлики во нивните животни стилови и тие разлики треба меѓусебно да се почи туваат. 

Идентитет

Што е идентитет? Кој сум јас? Идентитетот претставува збир на карактеристики кои ги поседува една личност. Идентитетот ни помага да ги раликуваме луѓето едни од други. Видовите на идентитет кои една личност ги поседува зависат од улогите кои таа личност ги има во заедницата во која живее. Н ие како поединци, наследуваме или стекнуваме повеќе идентитети кои потекнуваат од националноста, етничката припадност, религијата, спортот и сл.  Иде нтитетот го градиме во текот на животот, па така, зависно од улогите кои ги имаме во општеството во кое живееме, толкав ќе биде и бројот на видови идентитет кои ги поседуваме. Во потесна смисла, идентитетот е сфатен како збир на карактеристики на еден поединец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на поимот идентитет упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува “повеќе идентитети” (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл).  Идентитетот на личноста има повеќе страни. Често, другите  луѓе  (соседи, прија