Skip to main content

Животен стил

Секој поединец го избира својот животен стил и начинот на кој што ќе живее. До осумнаесетата година од животот, животниот стил на децата зависи од родителите. Во овој период од животот, детето е зависно од своите родители и поради тоа тие имаат големо влијание врз неговиот животен стил. 
По навршување на полнолетство, поединецот прави избор во зависност од своите лични сфаќања и убедувања за тоа што е добар живот.
Животниот стил покажува колку еден поединец може слободно да ги искаже своите желби, вкусови, знаења и вредности во заедницата во која живее. Каков животен стил ќе избере еден поединец, најмногу зависи од воспитанието и вредностите кои ги  усвоил во заедницата во која живее.
Бидејќи луѓето имаат различни желби, вкусови, знаења и вредности, тоа значи дека секогаш ќе постојат разлики во нивните животни стилови и тие разлики треба меѓусебно да се почитуваат. 


Image result for животен стил
Image result for животен стил
Image result for животен стил

Comments

Popular posts from this blog

Идентитет

Што е идентитет? Кој сум јас? Идентитетот претставува збир на карактеристики кои ги поседува една личност. Идентитетот ни помага да ги раликуваме луѓето едни од други. Видовите на идентитет кои една личност ги поседува зависат од улогите кои таа личност ги има во заедницата во која живее. Н ие како поединци, наследуваме или стекнуваме повеќе идентитети кои потекнуваат од националноста, етничката припадност, религијата, спортот и сл.  Иде нтитетот го градиме во текот на животот, па така, зависно од улогите кои ги имаме во општеството во кое живееме, толкав ќе биде и бројот на видови идентитет кои ги поседуваме. Во потесна смисла, идентитетот е сфатен како збир на карактеристики на еден поединец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на поимот идентитет упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува “повеќе идентитети” (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл).  Идентитетот на личноста има повеќе страни. Често, другите  луѓе  (соседи, прија

ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Државата претставува форма на организирано општество во кое се дефинирани односите помеѓу власта и народот.  Постоењето на власт е неминовно, но уредувањето на односите помеѓу власта и народот е она што ќе ни покаже дали станува збор за демократска или недемократска држава. Доколку согласноста да владеат ја дал народот, тогаш станува збор за демократска држава. Доколку народот не дал согласност за владеење, туку власта е насилно присвоена, тогаш зборуваме за недемократска држава. Недемократски државни уредувања: - Монархија - власта е наследна и оправдана од божјата волја. Монархијата може да биде апсолутистичка и уставна. Апсолутистичка монархија е државно уредување во кое монархот има неограничена власт.  Уставна монархија е државно уредување во кое власта на монархот е ограничена со устав. Кога во уставните монархии ќе се донесе закон, владетелот мора да го почитува тој закон. Устав е највисок правен акт во една држава. Во уставот се содржат сите закони, правата и слободит