Skip to main content

Идентитет


Што е идентитет?

Кој сум јас?

Идентитетот претставува збир на карактеристики кои ги поседува една личност. Идентитетот ни помага да ги раликуваме луѓето едни од други. Видовите на идентитет кои една личност ги поседува зависат од улогите кои таа личност ги има во заедницата во која живее.


Ние како поединци, наследуваме или стекнуваме повеќе идентитети кои потекнуваат од националноста, етничката припадност, религијата, спортот и сл. Идентитетот го градиме во текот на животот, па така, зависно од улогите кои ги имаме во општеството во кое живееме, толкав ќе биде и бројот на видови идентитет кои ги поседуваме.

Во потесна смисла, идентитетот е сфатен како збир на карактеристики на еден поединец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на поимот идентитет упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува “повеќе идентитети” (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл). 

  • Идентитетот на личноста има повеќе страни.
  • Често, другите  луѓе  (соседи, пријатели, наставници, странци) имаат различни погледи за истата личност.
  • Ние мораме да ги слушнеме различните погледи, ако сакаме да дознаеме повеќе за личноста.
Идентитетот е дефиниран и од нас самите и од нашата интеракција со другите. Идентитетот е дефиниран преку означување и на разликите помеѓу поединците, како и преку потребата да се припаѓа или да се биде заштитен од семејството или врсничката група. Младите луѓе ќе се разберат подобро себеси ако тие ги истражуваат нивните лични чувства и потреби, нивниот личен развој и нивните желби за иднината. Тие треба да експериментираат со различните форми на однесување, така што ќе го прошират нивниот репертоар на интеракции со другите. Тие ќе го научат ова, ако конструктивно придонесуваат во ситуациите на социјалната интеракција.
Тие мора да бидат свесни за големо внимание на погледите, предрасудите и стереотипите, кои се дел од јавното мислење. Личноста треба да биде свесна за овие суптилни форми на влијание, и да делува соодветно и критички да ги рефлектира врз неговите/нејзините избори, а ако е потребно и да ги менува. 



Вид на идентитет
Пример
Полов
Машко / Женско
Старосен
12 / 22/ 32/ 52 ... години
Национален
Македонец / Србин / Турчин / Албанец...
Етнички
Македонец / Србин / Турчин / Албанец... (потеклото)
Религиозен
Православен / католик / муслиман / будист / атеист / агностик
Спортски
Кошаркар / ракометар / фудбалер / рагбист ...
Културен
Културна припадност (македонска култура и традиција)
Професионален
Наставник / Адвокат / Лекар / Астронаут / Пилот ....

Криза на идентитет

претставува неуспех да се постигне идентитет на егото во адолесценцијата. Во оваа фаза од адолесценцијата, се соочуваме со физички развој, сексуално созревање и интегрирање на нашите идеи за себеси и за тоа што другите мислат за нас. Формираме слика за себе и ги издржуваме задачите за решавање на кризата на нашиот основен идентитет на егото. Успешното решавање на кризата зависи од напредокот во предходите развојни фази, насочувајќи се кон проблемите како што се доверба, автономија и иницијатива. Тие кои излегуваат од оваа фаза со силно чувство за идентитет, добро се подготвени со доверба и сигурност да се соочат со зрелоста. Кај тие кои не успеваат да постигнат целосен идентитет, кои се соочуваат со криза на идентитет, ќе се пројави конфузија на улогите, не знаејќи кои се, каде припаѓаат или каде сакаат да одат. Овој вид на нерешена криза ги остава поединците да се борат да се пронајдат себеси. Тие може да продолжат да бараат негативен идентитет, што може да вклучи криминал или дрога или неможност да се дефинираат изборите во врска со иднината. Основната карактеристика која треба да се развие во периодот на адолесценција е верноста, која произлегува од целосно формиран идентитет на егото.
Криза на идентитет претставува процес во кој поединецот ги преиспитува сопствениот идентитет и претходно усвоените вредности. Најчесто се случува во периодот на адолесценција, кога личноста се двоуми дали да ги задржи семејните вредности или да ги промени и да ги прифати вредностите и културата на врсниците (дури и ако тие се негативни).

Comments

  1. LuckyClub - Casino Site in Nigeria and Login
    Lucky Club is the best online gambling platform. We are very luckyclub.live generous and have a very generous welcome bonus of up to C$500 + 250 free spins.

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Државата претставува форма на организирано општество во кое се дефинирани односите помеѓу власта и народот.  Постоењето на власт е неминовно, но уредувањето на односите помеѓу власта и народот е она што ќе ни покаже дали станува збор за демократска или недемократска држава. Доколку согласноста да владеат ја дал народот, тогаш станува збор за демократска држава. Доколку народот не дал согласност за владеење, туку власта е насилно присвоена, тогаш зборуваме за недемократска држава. Недемократски државни уредувања: - Монархија - власта е наследна и оправдана од божјата волја. Монархијата може да биде апсолутистичка и уставна. Апсолутистичка монархија е државно уредување во кое монархот има неограничена власт.  Уставна монархија е државно уредување во кое власта на монархот е ограничена со устав. Кога во уставните монархии ќе се донесе закон, владетелот мора да го почитува тој закон. Устав е највисок правен акт во една држава. Во уставот се содржат сите закони, правата и слободит

Животен стил

Секој поединец го избира својот животен стил и начинот на кој што ќе живее. До осумнаесетата година од животот, животниот стил на децата зависи од родителите. Во овој период од животот, детето е зависно од своите родители и поради тоа тие имаат големо влијание врз неговиот животен стил.  По навршување на полнолетство, поединецот прави избор во зависност од своите лични сфаќања и убедувања за тоа што е добар живот. Животниот стил покажува колку еден поединец може слободно да ги искаже своите желби, вкусови, знаења и вредности во заедницата во која живее.  Каков животен стил ќе избере еден поединец, најмногу зависи од воспитанието и вредностите кои ги  усвоил во заедницата во која живее. Бидејќи луѓето имаат различни желби, вкусови, знаења и вредности, тоа значи дека секогаш ќе постојат разлики во нивните животни стилови и тие разлики треба меѓусебно да се почи туваат.