Skip to main content

ДЕМОКРАТИЈАТА И ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Демократијата започнува кога народот ќе избере власт. Уставот определува што таа власт ќе работи. За власта да работи во интерес на граѓаните, Уставот мора да ги содржи и човековите права и слободи. На овој начин поединците се заштитуваат од самоволието на власта.
Човековите права не можат да се одвојат од човековите обврски. Еден поединец ќе го оствари своето право, само ако друг ја исполнил својата обврска.
Не можеме да очекуваме да ни биде остварено правото на чиста животна средина доколку постојано фрламе отпад на несоодветни места, гориме пластика и ги загадуваме реките. Не можеме да очекуваме почит доколку самите не се однесуваме со почит кон останатите. 
Воедно не можеме да ни бидат остварени правата доколку не ги почитуваме законите. Тие постојат за доброто на сите граѓани. Да не потсетуваат што е добро, а што не е. Но, доколку државата донесе закон кој не е соодветен, или не ги заштитува интересите на граѓаните, тогаш тие можат да го остварат своето право на протест.

Comments

Popular posts from this blog

Идентитет

Што е идентитет? Кој сум јас? Идентитетот претставува збир на карактеристики кои ги поседува една личност. Идентитетот ни помага да ги раликуваме луѓето едни од други. Видовите на идентитет кои една личност ги поседува зависат од улогите кои таа личност ги има во заедницата во која живее. Н ие како поединци, наследуваме или стекнуваме повеќе идентитети кои потекнуваат од националноста, етничката припадност, религијата, спортот и сл.  Иде нтитетот го градиме во текот на животот, па така, зависно од улогите кои ги имаме во општеството во кое живееме, толкав ќе биде и бројот на видови идентитет кои ги поседуваме. Во потесна смисла, идентитетот е сфатен како збир на карактеристики на еден поединец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на поимот идентитет упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува “повеќе идентитети” (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл).  Идентитетот на личноста има повеќе страни. Често, другите  луѓе ...

TEMA II: ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

ДЕМОКРАТИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Демократијата претставува облик на управување каде штодржавната власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од старогрчките зборови demos – што значи народ – и кratos – што значи власт. Кога во едно општество, граѓаните имаат право да донесуваат одлуки кои се во интерес на нивното заедничко живеење, велиме дека во тоа општество постои демократија. Облици на демократијата Денес, демократиите, во голема мерка, се разликуваат според нивната градба и структура. Традиционалната разлика, којашто се прави во однос на либералните демократии, е онаа меѓу моделите на  непосредна и претставничка демократија .  Непосредната демократија  е облик на управување, каде што правото на донесување политички одлуки го користи директно севкупното граѓанско тело, дејствувајќи согласно постапката за владеење на мнозинството.   За прв пат ваквиот тип на демократија се сретнува в...

ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Државата претставува форма на организирано општество во кое се дефинирани односите помеѓу власта и народот.  Постоењето на власт е неминовно, но уредувањето на односите помеѓу власта и народот е она што ќе ни покаже дали станува збор за демократска или недемократска држава. Доколку согласноста да владеат ја дал народот, тогаш станува збор за демократска држава. Доколку народот не дал согласност за владеење, туку власта е насилно присвоена, тогаш зборуваме за недемократска држава. Недемократски државни уредувања: - Монархија - власта е наследна и оправдана од божјата волја. Монархијата може да биде апсолутистичка и уставна. Апсолутистичка монархија е државно уредување во кое монархот има неограничена власт.  Уставна монархија е државно уредување во кое власта на монархот е ограничена со устав. Кога во уставните монархии ќе се донесе закон, владетелот мора да го почитува тој закон. Устав е највисок правен акт во една држава. Во уставот се содржат сите закони, правата и...