Skip to main content

ДЕМОКРАТСКАТА ДРЖАВА И ДРУГИ ФОРМИ НА ДРЖАВНО УРЕДУВАЊЕ

Државата претставува форма на организирано општество во кое се дефинирани односите помеѓу власта и народот. 
Постоењето на власт е неминовно, но уредувањето на односите помеѓу власта и народот е она што ќе ни покаже дали станува збор за демократска или недемократска држава.
Доколку согласноста да владеат ја дал народот, тогаш станува збор за демократска држава. Доколку народот не дал согласност за владеење, туку власта е насилно присвоена, тогаш зборуваме за недемократска држава.
Недемократски државни уредувања:
- Монархија - власта е наследна и оправдана од божјата волја. Монархијата може да биде апсолутистичка и уставна.
Апсолутистичка монархија е државно уредување во кое монархот има неограничена власт. 
Уставна монархија е државно уредување во кое власта на монархот е ограничена со устав. Кога во уставните монархии ќе се донесе закон, владетелот мора да го почитува тој закон.
Устав е највисок правен акт во една држава. Во уставот се содржат сите закони, правата и слободите на граѓаните.
- Социјалистички државиСоцијализмот може најдобро да се опише како економски и политички систем заснован врз колективна (државна) сопственост врз средствата за производство и распределба. Тоа е идеологија која бара еднаквост во можностите на луѓето. 
Во социјалистичите општества, државата нуди бесплатно образование, здравство и пензиско осигурување, но на сметка на тоа не ги заштитува основните човекови права како слобода на говор, изразување и печат, слобода на вероисповест и тн.
- Воени диктатури се државни уредувања, каде власта е наметната. Во овие држави не се почитуваат човековите права, а изборите се фиктивни. Народот не може да ја промени власта бидејќи истата се темели на страв и закани. 

Демократски државни уредувања

Демократијата се темели на владеење на народот преку избрани претставници во власта. Оние кои народот ги избрал да владеат во негово име се должни да го оправдаат своето владеење. Доколку народот не е задоволен од власта, тогаш тој може да ја промени на редовни или предвремени избори. Поради ваквата можност  демократијата се смета за вредност.
Во демократските општества власта му служи на народот и е должна да работи во интерес на граѓаните.

Comments

  1. Одлично беше да се знае дека постои искрен заемодавател на заем кој знае за помагање на заеми со ниска стапка од 2%. Ние секогаш остануваме скромни и никогаш не се откажуваме од финансиите на мојот проект, а за понудата за заем што ми ја даде Педро, ние сме навистина благодарни за помошта и притисокот што го добивме мојот заем како што беше дискутирано
    Контактирајте го pedroloanss@gmail.com за WhatsApp:+1-863-231-0632 повеќе информации за неговата понуда за заем“.

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Идентитет

Што е идентитет? Кој сум јас? Идентитетот претставува збир на карактеристики кои ги поседува една личност. Идентитетот ни помага да ги раликуваме луѓето едни од други. Видовите на идентитет кои една личност ги поседува зависат од улогите кои таа личност ги има во заедницата во која живее. Н ие како поединци, наследуваме или стекнуваме повеќе идентитети кои потекнуваат од националноста, етничката припадност, религијата, спортот и сл.  Иде нтитетот го градиме во текот на животот, па така, зависно од улогите кои ги имаме во општеството во кое живееме, толкав ќе биде и бројот на видови идентитет кои ги поседуваме. Во потесна смисла, идентитетот е сфатен како збир на карактеристики на еден поединец, својствени само за него. Меѓутоа, сложеноста на поимот идентитет упатува на заклучокот дека еден поединец може да поседува “повеќе идентитети” (личен, културен, етнички, национален идентитет и сл).  Идентитетот на личноста има повеќе страни. Често, другите  луѓе ...

TEMA II: ДЕМОКРАТИЈАТА И ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО

ДЕМОКРАТИЈАТА И НЕЈЗИНИТЕ ОСНОВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Демократијата претставува облик на управување каде штодржавната власт произлегува од луѓето. Зборот „демократија“ води потекло од старогрчките зборови demos – што значи народ – и кratos – што значи власт. Кога во едно општество, граѓаните имаат право да донесуваат одлуки кои се во интерес на нивното заедничко живеење, велиме дека во тоа општество постои демократија. Облици на демократијата Денес, демократиите, во голема мерка, се разликуваат според нивната градба и структура. Традиционалната разлика, којашто се прави во однос на либералните демократии, е онаа меѓу моделите на  непосредна и претставничка демократија .  Непосредната демократија  е облик на управување, каде што правото на донесување политички одлуки го користи директно севкупното граѓанско тело, дејствувајќи согласно постапката за владеење на мнозинството.   За прв пат ваквиот тип на демократија се сретнува в...