Во демократските општествени уредувања живеат граѓани. Овие граѓани имаат право да одлучуваат за заедничкото живеење преку избор на своите претставници во власта. Граѓаните се должни да ги почитуваат законите во државата бидејќи тие се донесени во собранието (од страна на избраните претставници), за доброто на сите граѓани.
За разлика од граѓаните во демократските општества, во недемократските општествени уредувања живеат поданици кои немаат право да ја бираат власта, а тоа значи дека мораат да се покоруваат на законите кои власта ги донела без нивна согласност.
Граѓаните го остваруаат своето право на глас, преку тајни, демократски, фер и непосредни избори. Освен своето гласачко право граѓаните имаат и други начини на кои директно влијаат врз демократските принципи. Па така, тие можат да одлучуваат по пат на референдум. Референдумот претставува посебен вид на гласање, каде на граѓаните им се поставува прашање кое е од голема важност за државата. На ова прашање, граѓаните, согласно нивните убедувања треба да одговорат со да или не. На овој начин, државата може да го провери јавното мислење и да донесе одлука. (Пр. На 8 Септември 1991 година, на референдум, граѓаните одлучија Македонија да се оддели од Социјалистичка Федеративна Република Југославија и да ја формира самостојна Република Македонија).
Штрајк е форма на притисок врз власта. На овој начин, работниците можат да го изразат своето незадоволство и да ги побараат своите работнички права.
Протест е форма на притисок врз власта, каде граѓаните го изразуваат своето незадоволство од одлуките и начинот на работа на власта.
Политичките партии постојат со цел да ги заштитат интересите на граѓаните. Со оглед на тоа дека не сите граѓани имаат исти интереси, имаме повеќе политички партии. На тој начин секој граѓанин може да се определи за партија која најмногу ќе ги заштитува неговите интереси и ќе ги дели неговите ставови и размислувања.
Постојат различни политички партии зависно од идеологијата која ја застапуваат.
Леви партии се оние кои се залагаат за интересите на работниците.
Десни партии се оние кои се залагаат за интересите на капиталот и сопствениците.
Средните партии ги штитат интересите на средната класа.

Comments
Post a Comment