Човековите права претставуваат правила со кои државата го определува начинот на однесување на луѓето во заедницата, со цел тие да ги задоволат своите потреби.
Човекот во текот на својот живот има различни потреби (вода, храна, дом, топлина, семејство, сигурност...)
Потребите се всушност сите работи без кои човекот не може да живее, односно се' што му е потребно за достоен живот.
Напорите на луѓето низ историјата, да ја натераат власта да ги воочи, дефинира, признае и заштити нивните основни потреби, се познати како борба за човекови права.
Кога власта ќе ги признае и заштити човековите потреби, тогаш потребите се претвораат во човекови права.
Comments
Post a Comment